Насловна / Вести / Јужниот дел од Медитеранот станува пустина

Јужниот дел од Медитеранот станува пустина

klimatski-promeniopustosuvanje-na-juzna-evropa-mapa

Медитеранот се загрева побрзо од остатокот на светот, а ако трендот продолжи со најлошото можно сценарио во врска со емисиите на CO2, до крајот на векот добар дел од Шпанија и некои други делови од Јужна Европа ќе се претворат во пустина. Глобалното затоплување над границата од 1,5° Целзиусови, идеалната горна граница поставена во Спогодбата од Париз 2015, во медитеранските екосистеми ќе предизвика промени какви не се забележани во последните 10.000 години.

klimatski-promeni-opustosuvanje

Ова го покажува новата студија објавенa во часописот „Science“.  Температурите во медитеранскиот базен веќе досега бележат пораст за 1,3°C  во однос на средните температури во периодот 1880 – 1920 година. Истовремено, глобално се бележи значително понизок раст од 0,85°C.  Со оглед на фактот што екосистемите на Медитеранот се жариште на светскиот биодиверзитет и пружаат важни ресурси за голем број луѓе, овие сознанија се примени со голема загриженост во научната јавност.

klimatski-promeni-opustosuvanje1

Пустините би можеле да се прошират и во Португалија, Сицилија, Турција и делови на Сирија, како и во Северна Африка (Мароко, Алжир, Тунис). Вегетацијата во овие области, познати по боровите, маслинките и други карактеристични медитерански култури, драматично ќе се измени.

klimatski-promeni-opustosuvanje-mapa

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top