Насловна / Вести / Јужна Кореја вложува 1,8 милијарди УСД во развој на автомобили на водород

Јужна Кореја вложува 1,8 милијарди УСД во развој на автомобили на водород

Претседателот на Јужна Кореја објави дека државата планира да инвестира 1,8 милијарди УСД во развој на автономни и еколошки „чисти“ автомобили погонувани со водородни горивни ќелии. „Во иднина веќе не ќе мораме да позајмуваме идеи од другите. Конечно имаме шанса да станеме лидери во светската автомобилска индустрија и треба тоа да го искористиме“, изјавил претседателот во текот на својата посета на истражувачкиот центар на компанијата Hyundai. Тој истакнал дека јужнокорејските компании веќе ја докажале својата конкурентност во подрачјето на развој на автономни и еколошки прифатливи автомобили. Како пример го навел договорот за испорака на 1.600 корејски камиони на водород во Швајцарија.

Водородната горивна ќелија е еколошки прифатлив извор на енергија со огромни ресурси, а како нус продукт се појавува водена пареа За разлика од моторите со внатрешно согорување, системите со горивни ќелии на водород немаат подвижни делови и имаат извонредна ефикасност.

h21

h23

Испрати коментар

Scroll To Top