Јужна Кореја ги објави своите планови за реализација на амбициозен ветроенергетски проект во вредност од 43,2 милијарди УСД. Притоа, се предвидува изградба на offshore ветерна електрана со инсталирана моќност од 8,2 GW, покрај брегот на округот Синан, во југозападниот дел од Корејскиот полуостров. Се смета дека оваа постројка би биле најголема од ваков вид во светот, а проектот би требало да учествуваат 33 корески компании и институции, меѓу кои и гигантите како KEPCO, Doosan Heavy Industries & Construction, Hanwha Engineering & Construction, и сл.
Моќноста на идната ветерна електрана ќе биде еднаква на моќноста на дури шест нови коејски нуклеарни реактори. Се очекува овој проект да иницира отворање на 5600 нови работни места.