Насловна / Вести / „Jужен тек“ во Србија ќе го гради ќерката фирма на „Гаспром“ – „Центрогас“?

„Jужен тек“ во Србија ќе го гради ќерката фирма на „Гаспром“ – „Центрогас“?

srbija eko-juzni-tok
Победник на тендерот за изграба на гасоводот „Jужен тек“ во Србиjа може да биде ќерката фирма на „Гаспром“ – „Центрогас“, пренесува Танјуг, повикувајќи се на рускиот дневен весник „Ведомости“. Информацијата доаѓа од два учесника на тендерот.

Kако што објаснува еден од нив, одлуката за тоа е веќе донесена, но официјално ќе биде објавена за неколку денови, по завршувањето на сите технички формалности.

Освен тоа, како што рекол другиот соговорник на „Ведомости“, „Центрогас“ ќе биде вклучен и во шемата за изградба на бугарскиот дел од гасоводот. На кој начин, тој не се изјаснил. Но, една од варијантите е повторување на тендерот во Бугарија, изјавил тој.

Кон крајот на април фирмата „Саут стрим Булгариа“ објави дека на тендерот за проектирање, испорака на опрема и материјали, градежно-монтажни работи, како и пуштање во работа на магистралниот гасовод во Бугарија победил „Стројтранс гас конзорцијум“, заедничко претпријатие на рускиот „Стројтрансгас“, чиј сопственик, Генадиј Тимченко, е на списокот на санкции на САД, и „Гаспроект југ“ од Бугарија.

За тоа дека „Центрогас“ може да го замени „Стројтрансгас“ во бугарскиот дел од гасоводот, минатата недела пишуваше и „Форбс“.

Испрати коментар

Scroll To Top