Гасоводот „Јужен поток“ веќе не е приоритетен проект за „Гаспром“ во кои и да било преговарачки процеси, пишува московскиот весник „Комерсант“.
Шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер смета дека западната рута, т.е. гасоводот кон Кина, ќе проработи пред источната, а „Јужен поток“ не е приоритетен проект за „Гаспром“ во кои и да било преговарачки процеси, пишува весникот во репортажа за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина.
Лидерите на Кина и Русија, Кси Џипинг и Путин потпишаа договор за енергетска соработка помеѓу двете земји, меѓу другото и меморандум за разбирање за изградба на втор по големина гасовод за снабдување на Кина со руски гас – Западна рута.