Научниците открија дека Јупитер е најстарата планета во Сончевиот систем. Стара е 4,5 милијарди години.
„Бидејќи немаме примероци од Јупитер (за разлика од Земјата, Марс, месечината и од астероиди), во нашето истражување користиме изотопски потписи во железни метеорити кои доаѓаат од астероидите, за да ја утврдиме возраста на Јупитер“, рече шефот на меѓународниот тим Томас Кроиер од националната лабораторија „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија.
Тоа, според научниците, објаснува зошто во Сончевиот систем нема карпести планети со маса поголема од земјината.
Исто така, тие утврдиле дека Јупитер бил клучниот фактор во формирањето на Сончевиот систем.
Јупитер служел како граничник помеѓу групите различни видови на материјали. Во своите први милион години, центарот на Јупитер станал за 20 пати поголем од планетата Земја, а во текот на следните четири милиони години станал за 50 пати поголем од Земјата.