Насловна / Вести / „Југохром“ веројатно до крајот на октомври ќе работи без филтри

„Југохром“ веројатно до крајот на октомври ќе работи без филтри

Комбинатот „Југохром“ за половина месец очекува да добие градежна дозвола и да почне да го гради системот за отпрашување.

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце го рестартира своето производство и во функција се ставени две печки.

Постепено ќе се продолжи со враќање на работниците на работа. Во моментов се ангажирани 400 луѓе, а со вклучувањето на другите печки ќе се вратат и другите работници.југохром

„Југохром“ ја стопираше работата кон крајот на декември, за да се намали загадувањето на воздухот, но од менаџментот велат оти се покажало дека комбинатот не е ниту единствениот, ниту најголемиот загадувач на воздухот во регионот.

Во моментов, се чека градежната дозвола за избедба на системот за отпрашување.

„Југохром“ веројатно до крајот на октомври ќе работи без филтри и ќе придонесува за загадувањето на воздухот во Тетово.

 

Испрати коментар

Scroll To Top