„Југохром Фероалојс“ од Јегуновце на 31 овој месец ќе ги исклучи двете печки што се во функција и нема да работи до крајот на февруари следната година, соопшти денеска управата на „Југохром Фероалојс“.
Според најавите, „Југохром“ нема да работи до крајот на февруари следната година, период кога временските услови најмногу влијаат на загадувањето, стои во соопштението.
Од управата на „Југохром“ велат дека одлуката била донесена доброволно и оти имале слух за состојбата со загадувањето на воздухот во Тетово, иако тие остануваат на ставот дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот.
Управата на „Југохром“ информира дека паралено со прекинот на работата ќе продолжат со сите планирани и веќе договорени активности за целосна примена на сите еколошки стандарди согласно законските прописи односно воведување на системот за отпрашување во планираниот рок.