Со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе бидат набавени 35 нови автобуси на компресиран природен гас (КПГ) за Скопје, како одговор на растечката побарувачка за почист и поодржлив јавен превоз. Новите автобуси ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за најмалку 15 отсто.
“Заемот гарантиран со државна гаранција од ЕБОР во износ од 10 милиони евра, ќе го подобри и модернизира работењето на автобусите, ќе го зајакне јавниот транспорт и ќе го подобри квалитетот на воздухот. Покрај набавката на КПГ автобусите, кои ќе ги заменат постоечките автобуси кои работа на дизел гориво, проектот ќе помогне во подобрување на работењето на самата компанија, Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, кое е во целосна сопственост на Градот Скопје“, велат од ЕБОР.
Пакетот за техничката соработка ќе му помогне на Градот Скопје за изготви Акционен план за зелени градови до 2020 година. Ова е основата, преку која секој поединечен град вклучен во оваа програма, потпишува дека се вклучува во Програмата за зелени градови на ЕБОР, определувајќи сопствени цели за еколошко подобрување на состојбите и мапира начини како истите да ги постигне.
Скопје е еден 20-те градови кои се вклучија во Програмата за зелени градови на ЕБОР, под која 15 градови веќе работат со поединечни индивидуални Акциони планови за Зелени градови (АПЗГ). Набавката на новите автобуси е почеток на проектот од оваа програма за зелени градови на ЕБОР, во кој Градот Скопје планира да се инволвира.