Јавното претпријатие „Улици и патишта“ работи на санација на ударни дупки низ улиците и булеварите во скопските општини.
Град Скопје соопшти дека се вградени 335 тони асфалт, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на санација на ударните дупки на потегот од Средно Водно кон Државна болница.
Покрај санација на ударните дупки на коловозот, според соопштението, изминатиов период е извршена санација на тротоарот на улица „Христо Татарчев“, а во тек е санацијата на тротоарот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“.
На улицата „Владимир Комаров“ се поставени 50 заштитни столбчиња за безбедно движење на пешаците и спречување на недозволено паркирање возила на јавните површини.