Насловна / Вести / ЈП „Исар“ отвори погон за селекција и складирање на отпад

ЈП „Исар“ отвори погон за селекција и складирање на отпад

fabrikaotpad1

ЈП „Исар“ отвори погон за селекција и складирање на отпад. Погонот е со тенденција да прерасне во фабрика за селекција на пластика, хартија и лимена амбалажа. Објектот е лоциран на булеварот „Партизанска“ близу ООУ Тошо Арсов. Иако скромно, машините што се набавени и постапката најавуваат амбициозен план кој ветува проширување на капацитетите. На отворањето на погонот, градоначалникот на Штип прим. м-р Илчо Захариев кажа:

– Морам како прво да ги пофалам вработените во јавното претпријатие и раководството за огормниот ангажман. Иако почетоците се скромни, јас сум убеден дека сме на прагот на една голема и важна работа за Штип. Оваа фабрика за селекција на отпадот е можност ЈП „Исар“ да генерира профит од отпадот, од една страна, а од друга, да го чисти градот од комуналниот отпад. Јас би бил најсреќен кога секој граѓанин ќе го фрли отпадот на вистинското место и кога ние како град би имале услови да ставиме на секое можно место различни контејнери за различен вид на отпад.fabrikaotpad1234567

Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев, кажа дека иако почетоците се скромни, сепак имаат визија за успешна работа на оваа фабрика:

– Инвестицијата изнесува 40.000 евра, од кои над 20.000 евра се за двете работни машини. Ова го правиме со голема помош на општината, на „Пакомак“ кои веќе неколку години се наши партнери и донираа голем број на пластични садови за селекција на отпад. Нашата намера е профитот да се реинвестира, да се купат нови машини, да се прошируваат капацитетите и со тоа да направиме услови за почист град. Ваквите погони се мошне важни за влез на една земја во ЕУ, и ете, ние го правиме првиот мал но многу важен чекор.

fabrikaotpad12345678

Погонот се состои од две работни машини: подвижна лента на која се поставува пластичниот отпад и преса која го пакува. Капацитетот на машините е голем, зависи од отпадот што ќе се донесе, но во секој случај дневно можат да се пакуваат еден тон на пластична маса.

– Во следниот период, волонтери и наши вработени ќе ги посетат семејствата низ градот и ќе им ја појаснат полезноста и важноста за рециклирање на пластиката, а исто така и граѓаните ќе можат да го дадат пластичниот отпад на нашите служби и со тоа да помогнат тој да се складира и рециклира – појасни Бојаџиев.fabrikaotpad12 fabrikaotpad123

Покрај пластиката, ЈП „Исар“ ќе ја селектира и хартијата и лимената амбалажа. За почеток ќе се направат разговори со соптвениците на ресторани и кафулиња да го даваат лимениот отпад на ЈП „Исар“ кој понатаму ќе го третира.

                                                                                   

Испрати коментар

Scroll To Top