Идејата за подигање споменици на Незнаениот јунак се појавила скоро истовремено после Првата светска војна во поголем број земји сојузници. После војната општа била потребата за искажување благодарност на војиниците кои загинале за слободата.
1922 година на планината Авала, јужно од Белград селаните од околните села подигнале скромен споменик во вид на камен крст на местото на гробот на наепознат војник. Подоцна на иницијатива на кралот Александар Караѓорѓевиќ нарачан е и изграден Споменикот на незнаениот јунак на Авала. Колку овој проект му бил важен на кралот зборува и фактот дека за потребите на изградбата на споменикот наредил потполно да се сруши средновековното утврдување Жрново. Кралот Александар сакал многу повеќе од меморирање на делото на безимениот српски војник.
Преку споменикот сакал да ја прикаже и идејата на југословенството, која се создавала со потешкотии во новата, проширена држава. За жал, бил жив само да го постави камен темелникот, не и да го види делото завршено, бидејќи истата година, 1934 извршен му е атаентат во Марсеј. Во периодот од 1934 – 1938 година војската го расчистувала теренот. Споменикот е подигнат по проект на извонредниот (југословенски и хрватски) вајар, Иван Мештровиќ . Поставен е на врв на зарамнет брег до кој се пристигнува преку долги стази кои водат до двата влеза во гробницата.
Граден е од црн гранит, конципиран во форма на мавзолеј во класичен изглед на зголемен саркофаг на постамент од шест скали. Од двете страни на влзовите поставени се по четири гранитни каријатиди – фигури на жени во народни носии на југословенските народи, изработени без реалистични нагласувања на фолклорните елементи.
Споменикот завзема значајно место во творештвото на меморијалната архитектура на Мештровиќ. Споменикот е мавзолеј со јавна намена во кој пејсажот, архитектурата и скулптурата се подредени на основната идеја како би се нагласила монументалноста, репрезентативноста и симболиката во склад со намената на споменикот како симболично место за оддавање почит на сите војници загинати за слободата на овие простори.
На надворешниот дел на зидот исклесан е натпис – Александар I крал на Југославија на незнаениот јунак.
Уште од времето по изградбата овој споменик почнал да ги инригира посетителите. Древната архитектура на споменикот делува мошне впечтливо, особено ако се набљудува во време на утринска измаглица.
Целокупниот впечаток е толку фасцинантен, што и Јосип Броз Тито, кој званично никокагш не дошол да положи цвеќе на гробот на незнаениот јунак (многумина велат дека тоа е поради натписот, му сметало името на кралот Александар), кришум доаѓал ноќе, шетал и во тишина го набљудувал црниот, гранитен споменик.