Хотелот Le MEURICE во Париз го слави 180. роденден, а по тој повод познатиот моден дизајнер Јоџи Јамамото лансира ограничена едиција на шалови со неговиот потпис.
Le Meurice има долга и богата историја, а бројни се славните имиња кои го обележале ова место. Вуди Ален снимал филм тука, Пабло Пикасо ја одржал својата свадбена вечер, а низа години тука живеел Салвадор Дали плаќајќи за своето сместување со скици за мебел и уметнички дела.
Уметничкиот дух на славниот сликар се чувствува во целиот хотел, а тоа е атмосферата што го инспирирала Јамамото за креирање на оваа ограничена колекција на шалови. Цена на шалот е 450 евра, а може да се купат единствено во продавницата на хотелот и во продавниците на брендот Yohji Yamamoto.