Насловна / Архитектура / Joaquin Torres, архитектот на Кристијано Роналдо

Joaquin Torres, архитектот на Кристијано Роналдо

Шпанското архитектонско биро A-cero на чело со архитектот Joaquin Torres е главен избор на фудбалските ѕвезди на Реал Мадрид за кои A-cero ги проектирал најголем дел од нивните куќи, вклучувајќи ги и на доскорешениот тренер Зинадин Зидан и најголемата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо.

10
Куќата на Роналдо е сместена на периферијата на Мадрид во луксузната населба La Finca. Објектот на прв поглед јасно ги покажува своите намери, доминација на стилизирани криви и смели форми кои хармонично се вклопуваат во природен контекст истовремено нагласувајќи модерен карактер.

4

Хоризонталните форми се наддаваат една на друга, создавајќи градба која изгледа како да се појавила од земја, додека фасадите се третирани со текстуриран темен бетон.

1
Внатрешностана на куќата има разновидна и богата содржина. Решена е со многу сложени простори со различни висини и нивоа, како и посебна форма на некои од собите. Пониското ниво е покриено со закривен таван кој ги истакнува, дневниот боравок и трпезариите, спалните, фитнес салите, внатрешениот базен, кујната и сервис просториите.

5

На горното ниво се наоѓа сликарско студио, под долг свиен покрив, преплавено со природна светлина и најдобри погледи на околниот пејзаж.

7

Подрумот е посветен на здравјето и слободното време, содржи бар, соба за игри, студио, соба за масажа, соба за проекција, визба и фитнес.
Просторите се ослободени од столбови и други елементи кои би ја намалиле нејзината флуидноста на просторот и отвореност.

2

8

3

Испрати коментар

Scroll To Top