Joan Miró е еден од најпознатите претставници на уметничкиот правец надреализам, сликар кој исто така бил и графичар, скулптор и керамичар. Роден во 1893 година во близина на Барселона, тој претставува едно од најголемите каталонски имиња во историјата на Шпанија. Miró создавал репертоар од сосема нови мотиви и знаци кои претставуваат специфичен уметнички јазик инспириран од форми од реалноста.
Птица во лет
Претставувал конкретни работи, но не онака како што ги гледал, туку како што ги чувствувал, или како што би сакал да ги почувствуваат набљудувачите. На прашањето што го инспирира да ги црта тие карактеристични мотиви, тој едноставно објаснувал: „Понекогаш едноставно немаше да вечерам, предметите што ги замислував само ќе почнеа да летаат, ќе завршеа на ѕидот и ги префрлав на хартија“.
Жена и птица на изгрејсонце
Го инспирирале наједноставните работи, а процесот на сликање го објаснувал како зборови кои се претопуваат во прекрасна поема. Неговите слики потсетуваат на уметнички цртани филмови, полни со бои и неверојатни форми, кои никогаш не би ги поврзале со вистинските предмети што тој во нив ги гледал. Тие не потсетуваат на соништа, имагинација, јасни форми, невиност и детинест поглед на светот.
Соѕвездие
Луѓето и другите суштества како птиците, инсектите, кои мошне често ги прикажувал на платно, ги претставувал со многу инвентивност, неочекувано и со многу бои. Направил монументални керамички ѕидни слики со приказ на Сонцето и Месечината за зградата на УНЕСКО во Париз. Починал во 1983 година на Палма де Мајорка, Шпанија. Денеска постои музеј „Miró“ во Палма де Мајорка, посветен на овој великан.
Фигура, куче, птици
Познатото дело „Градина“ претставува одличен пример на мислите на сликарот што успешно ги пренел на хартија. Miró е сликар кој често нагласувал дека небото, Сонцето, Месечината, природата, прават да остане без здив. Овој пат тоа го покажува со примерот на совршена градина, и бескрајното сино небо како позадина на целото дејство што се случува во градината. Овде гледаме инсекти блиску како никогаш, кои на некој начин прават вистинско мало животинско царство. Гледаме пеперутки, црви, птици, многу цвеќиња и ѕвезди на небото. Овој сјаен колорит не потсетува на колажите што сме ги правевме кога сме биле деца. Јасните облици и форма се заштитни знаци на овој надреалист, кој и на оваа слика успеал да ни претстави нешто секојдневно како градина, на неверојатно колоритен, имагинативен и Miró начин.
Градина
Сликите на Miró секој може да ги доживее на свој начин, па не е ни чудо што нема објаснување за бројни негови слики. Затоа е најдобро да ги погледнете другите дела и сами да го почувствувате Miró и она што сакал да го прикаже во сликите како „Изгрејсонце“, „Час по скијање“, „Композиција“ или можеби неговата скулптура „Жена и птица“ , која е во Барселона и многу други од неговото плодно творештво.
Час по скијање
Композиција
Скала за бегство
Жена и птица