На меѓународниот конкурс за проект за Операта во Шенжен, Кина, победник е предлогот насловен Light of the Sea поднесен Jean Nouvel. “Ремек дело во кое музиката го сретнува морето, проект кој не ја прифаќа конвенционалната затворена форма на оперските куќи, туку ја интегрира зградата со крајбрежјето, покажувајќи визија за јавна културна знаменитост. Станува збор за нова плартформа за меѓународна културна размена, како и нов културен споменик за жителите на градот“, се вели во објавата од страна на жирито. „Проектот раскажува оригинална приказна за музиката и за морето од перспектива на градот, планината и морето. Тоа го овозможува преку закривените форми, како и трансперентниотт и светол покрив“ објаснува жирито.
На конкурсот се избрани 17 тимови од 14 земји, меѓу регистрираните над 100 апликации.