Насловна / Арт и дизајн / Jax Arts Festival во Саудиска Арабија ги воодушеви посетителите

Jax Arts Festival во Саудиска Арабија ги воодушеви посетителите

Jax Arts Festival во Дираџа, Саудиска Арабија на 14. јули  ги отвори вратите за саудиската јавност во импресивно искуство на уметност и виртуелна реалност со темата „прозорец кон вашите сетила“.

Jax Arts Festival ја охрабруваше публиката да се препушти на петте сетила преку изложби на дела на уметници од целиот свет. Фестивалот до 24. јули беше дом на колекција на уметники студии и чести јавни ангажирани настани.

011

На својот прв уметнички фестивал, искуството ги поттика Саудијците и туристите да „ ја разбудат љубопитноста“, овозможувајќи им на посетителите да го допрат, да го создадат или да станат дел од самото уметничко дело.

08

Фестивалот, организиран од Министерството за култура на Саудиска Арабија, беше рекламиран како платформа за поврзување на меѓународни уметници преку изложба која вклучува извонредни уметнички дела, проширено студио за реалност и 3Д искуство со дела од италијанската ренесанса.

01

На некој начин, фестивалот имаше за цел да ја истакне уметничка сцена која е достапна за јавноста. Фестивалот создава простор каде уметноста е еден вид начин за забава, отстранувајќи ги слоевите на елитизам што може да ја направи уметноста застрашувачка за јавноста.

Изложбата започна со „Почетно патување“ и продолжи низ шест изложби фокусирани на петте сетила: допир, мирис, вкус, слух и вид.

05

Втората изложба „Светови на креативноста“ вклучуваше интерактивна уметност. Група меѓународни уметници презентираа уметнички дела инспирирани од локалната култура и саудиската историја.

Третата изложба, „Studio XR“, видео-арт приказ со звучни и визуелни ефекти посветени на технологијата Extended Reality-XR.

02

Четвртата изложба, „Патување во ренесансата“ претставуваше тродимензионална (8-соби) изложба која ги носи посетителите на историско уметничко патување низ италијанската ренесанса.

Петтата изложба „Дегустација“ бешее соработка на локални и меѓународни ресторани, како и музички изведби.

Шестата изложба „Премин“ е крај на уметничкото патување на посетителите со теми како што се его, глорификација, интернет и како да се прилагодиме на главните текови на животот.

06

„Приемот овде во Саудиска Арабија беше неверојатен. Видов луѓе навистина поврзани со мојата уметност“, изјави уметникот Оскар Оливарес од Венецуела.

„Горд сум што ја гледам нашата работа на вакви прекрасни фестивали и горд сум што гледам дека Саудиска Арабија ја отвора и ја прифаќа уметноста на толку иновативни начини“, вели јорданскиот уметник Alissar Mzayek, кој живее во УАЕ.

09

„Кралството Саудиска Арабија моментално доживува златен период, преку јасната ориентација на културните и уметничките субјекти во Кралството, на чело со Министерството за култура… во подигање на нивото на квалитетот на животот, поддршка и можности за уметничката и културна сцена во рамките на Визијата на Кралството 2030“, изјави уметникот Abdelrahman Elshahed за Arab News. А уметницата Maria Ines Henry (Milah) седејќи на својот стол во боја и гледајќи ги реакциите на нејзиното уметничко дело, „Боите на животот“ за Arab News рече,„Бабичка, таа почна да плаче, затоа што се чувствуваше толку возбудена … можете да ја почувствувате моќта. Се наежувам кога гледам луѓе како комуницираат со мојата уметност… ја имате идејата внатре, а потоа ја ставате во материјалниот свет“.

07

03

04

Screenshot 2022-07-28 121037

Screenshot 2022-07-28 121114

ccc

Испрати коментар

Scroll To Top