Јапонското архитектонско биро Suppose Design Office затвори јавни тоалети со лебдечки бетонски ѕидови во градот Shibuya во Јапонија.
Проектот наречен Public Toilet in Sendagaya, сместен е помеѓу експресн пат Metropolitan и метро станица National Stadium, а проектиран е како затворен волумен и не ја открива својата функција.
Архитектите создале објект кој треба да претставува јавен простор со културен аспект, кој ќе го користат посетители од Јапонија и странство кои ќе доаѓаат по повод Олимписките игри, како и да служи како инфраструктура за градот во иднина.
Во центарот на затворениот простор сместени се кабините и мијалниците, а функцијата е сокриена со дебела бетонска обвивка, подигната 50 сантиметри од земја.
Со примена на ѕидови кои лебдад над земјата, архитектите сакале да создадат добра врска помеѓу внатрешноста на објектот и градот, како и транспарентност што им овозможува на корисниците да почувствуваат присуство на луѓе.
„Успеавме да се ослободиме од ходниците и ќорсокаците кои даваат чувство на стагнација и нелагодност во јавните тоалети“, велат од бирото.
Внатрешните sидови се високи 7,5 метри, обработени се со бетонска текстура, а меката светлина која продира низ процепите на покривот импресивно ја вовлекува светлината во внатрешноста.
„Специфичностите кои се во спротивност со вообичаената перцепција на тоалети, како што е дрвена облога од Akoya, месингани натписи кои личат на хотелски и мијалник поставен во средина за да можат да го делат мажи и жени, планирани се со акцент на рационалност и различност.“, велат архитектите.
Создавајќи простор кој е едноставен, лесен за употреба и висококвалитетен, архитектите очекуваат дека објектот ќе ја промени свеста на корисниците и дека тие ќе можат да учествуваат во одржување на пријатното опкружување.