Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ е новиот простор за поддршка на Македонската дизајнерска сцена.
Центарот лоциран во централното подрачје на градот (на „50. Дивизија“, 22) официјално ќе биде отворен вечер, а негов основач е Здружението на граѓани „Јавна соба“ кое е веќе етаблирано како креатор на платформа за поврзување на креативците со бизнис секторот.
Целта на просторот, како што истакна на денешната прес – конференција директорот на „Јавна соба“ Александар Велиновски, е да одговори на потребите за натамошен развој на македонскиот дизајн, чии почетоци се поврзуваат со „Skopje Design Week“, како и за негова презентација дома и во странство.
– Ако се постави прашањето дали постои македонски дизајн, да, постои, затоа што овој Центар за дизајн е комплетно македонски производ. Дизајниран е од компанијата „We and Nature“ од Скопје и авторот Тамара Ѓеоргиевска, како и други автори кои се занимаваат со моден дизајн, расвета, накит, предмети за домаќинство, помагала и слично, вели Велиновски, кој е и основач на „Skopje Design Week“.
Центарот ќе биде од отворен online casino карактер и ќе нуди поддршка за младите креативци кои ќе творат во овој простор, а добредојдени се и ликовни уметници, театарски групи, поетски друштва, секаков тип на креативен израз, па и „најлудата идеја е добредојдена“, додава тој.
Вутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија, кое веќе 10 години го помага развојот на дизајн сцената во земјава, а го помогна реновирањето на просторот, истакна дека дизајнот е важен извозен производ на неговата земја и го рефлектира најдоброто од холандскиот карактер. Изрази уверување дека и кај македонските креативци постои голем потенцијал.
Центарот, кој се простира на површина од 1.450 метри квадратни, меѓу другото, располага со работилница наменета за изработка на базични прототипови, мини – библиотека, детска лабораторија за дизајн, има и продажен простор со производи на македонски автори, а ќе функционира и како галериски простор. Следната година предвидени се повеќе куси резиденции на холандски дизјанери, како и дизајнери од Македонија и регионот кои ќе работат на проекти иницирани од страна на компании. Во план е и формирање на дизајн – инкубатор.
Инаку, „Skopje Design Week“ од оваа година се сели во просторот на Центарот „Јавна соба“, а ќе се одржи од 26 до 29 ноември.