Насловна / Вести / Јавна презентација на урбанистичкиот план за Пониква

Јавна презентација на урбанистичкиот план за Пониква

ponikva4

Во Кочани денеска се одржа јавна презентација на Урбанистичкиот план за Пониква, планска документација 2014-2024 година.

За јавната расправа по Урбанистичкиот план надвор од населено место за Спортско рекреативниот центар Пониква, планска документација 2014-2024 година, нацрт план, меѓу граѓаните на Кочани постои голем интерес со оглед на фактот што голем број граѓани во повеќе делови на Пониква имаат изградено викенд куќи и други објекти кои ќе треба да се вметнат како дел од урбанистичкиот план на Пониква.

– Урбанистичкиот план на Пониква проширен ќе се протега на површина од 50 хектари, од кои дел се наменети за зеленило, а дел за викендички и хотели. На денешната јавна расправа која се одржа во салата на Советот на општина Кочани, најголем дел од забелешките на граѓаните се однесуваа на електричната и водоводната мрежа, како и на урбанизација на веќе купените парцели со патна и друга инфраструктуира, – изјави Марија Салтирова Јованова, советник за урбанизам и просторно планирање во општина Кочани.

 

Испрати коментар

Scroll To Top