Насловна / Вести / Јавна консултација со граѓаните на ЕУ за принципот „загадувачот плаќа“

Јавна консултација со граѓаните на ЕУ за принципот „загадувачот плаќа“

Европската комисија покрена отворена јавна консултација бидејќи сака да собере ставови и докази од граѓаните за примена на принципот „загадувачот плаќа“. Врз основа на собраните материјали, ќе се проценува дали политиките на ЕУ, но и националните политики на државите, доволно ја оптовариле онаа страна која го предизвикува загадувањето – преку контрола, мерки на спречување и отстранување на загадувањето. Јавната консултација ќе биде отворена до 4-ти август 2023 година.

polluterspay1

Принципот „загадувачот плаќа“ се наоѓа во член  191(2) од Договорот за функционирање на Европската унија, и подразбира дека загадувачите се носители на одговорноста за загадувањето кое го предизвикуваат.  Доколку ефикасно се спроведува, овој принцип би довел до сеопфатни еколошки политики. Овие консултации ги опфаќаат и субвенциите дадени од страна на државите за кои граѓаните сметаат дека негативно влијаат врз животната средина. Во 2024 година, резултатите од овие дискусии Во 2024 година, резултатите од овие дискусии ќе бидат употребени за формирање на конкретни јавни политики, кои ќе доведат до конечна Препорака до Европската комисија за тоа како најдобро да се примени принципот „загадувачот плаќа“ во еколошките политики на државите членки. Еден интересен податок кој дополнително дава на значење на претстојните јавни дискусии е дека во 2021 гидина Европскиот ревизорски суд објавил извештај во кој е заклучено дека споменатиот принцип не се применува на исти начини, ниту доследно. Токму овој извештај претставувал поттик за Европската комисија да ја вклучи јавноста во дискусијата, со цел подобро идентификување на пропустите и проблемите на принципот „загадувачот плаќа“.

polluterspay2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top