Денес, со почеток од 13 часот во просториите на „Кино Култура“ ќе се одржи јавна дискусија во организација на невладината организација „Плоштад Слобода“. Се работи за втората по ред јавна дискусија на тема „Што треба да се прави со Скопје 2014?“. Како учесници во дискусијата се најавени министерот за култура Роберт Алаѓозовски, Донка Барџиева Трајковска од „Центарот за културно наследство“ и Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, архитектка и поранешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
На настанот ќе се разговара за можните пристапи кон решавањето на проблемот „Скопје 2014“, кој е најскапата и најголема државна инвестиција во псевдо-културата.
Одржувањето на настанот е потпомогнато од германската фондација „Хајнрих Бол“.