Насловна / Вести / Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање

Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање

Јавна дебата  за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање ќе се одржи на 6 јули 2023 (четврток), од 11 до 13 часот, во салата на Советот на Град Скопје, во организација на Зелен институт, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“. Проектот се работи во соработка со Градот Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг,,Ханс Ем’’, а во партнерство со граѓанските организации Флорозон и Македонско женско лоби.

Целта на проектот е да се подобри состојбата со зеленилото во градот преку законски измени и други интервенции, а со тоа и да се спречи појавата на топлински острови, да се намали загадувањето со стакленички гасови и да се подобри квалитетот на живот во Градот Скопје. Сите засегнати страни ќе учествуваат во законските реформи со цел заштита на зеленилото и климата.

з2

Експертски тимови од сферата на урбанизмот, шумарството и правото ги анализираа и истражуваа: 1. меѓусебната ускладеност и функционалност на законите за урбано зеленило, урбанистичко планирање и градење, како и соодветните правилници; 2. урбанистичките планови со чии  пропусти му се наштетило на зеленилото; 3. состојбата со недовршениот и заборавен зелен катастар и 4. согледувањата на жените и мажите за нивната потреба од јавно зеленило, достапноста на зеленилото до домовите и влијание врз нивното физичко и ментално здравје.

з0

На дебатата се поканети градоначалничката на Градот Скопје, претседателот и членовите на Советот на Градот Скопје, претставници на градските служби и на ЈП „Паркови и зеленило“, општините во Градот Скопје, комисиите за урбанистичко планирање формирани од општините и Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, граѓанските здруженија: Зелен хуман град, О2 Иницијатива, Здравје пред профит, Зелените од Гази Баба, За спас на Влае, За расадник на можности, Пржино, Во одбрана на Буњаковец и др., Комората на овластени инженери и архитекти, Асоцијацијата на архитекти, изработувачи на убанистички планови и други засегнати страни и граѓани.

Оваа активност е поддржана преку проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од страна на Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗПМ и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија. Изразените ставови и мислења се на грантистот и на никој начин не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.

Контакт: координаторка на проектот, Светлана Станојковска [email protected] 071/229-373.

зз

Испрати коментар

Scroll To Top