Насловна / Вести / Јавна анкета за изградба на хотел во Коњско

Јавна анкета за изградба на хотел во Коњско

Dolno-Konjsko-Ohrid-MK

Од вчера во просториите на општина Охрид е достапна на увид Локална урбанистичка планска документација за изградба на хотелски комплекс во село Коњско, стои во соопштението на охридската локална самоуправа. Според најавите, оваа јавна анкета ќе трае заклучно со 15 октомври 2014 година, а во понеделник на 13-ти октомври со почеток во 12 часот ќе биде одржана и јавна презентација за истата планска документација.
Просторот на планскиот опфат на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на хотелски комплекс на КП 2848/1, КО Коњско, општина Охрид е опфат на граници кои се поклопуваат со граници на градежна парцела бр.1, со површина од 0,22 ха. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината. Во него се појаснува дека сите заинтересирани граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

Испрати коментар

Scroll To Top