Насловна / Арт и дизајн / Javier Riera: Неговите интервенции самите стануваат пејзажи

Javier Riera: Неговите интервенции самите стануваат пејзажи

Javier Riera е роден во 1964 година во Авилес, Шпанија. Студирал ликовна уметност во Саламанка, а се обучувал и во работилницата на Contemporary Art Workshops of El Círculo de Bellas Artes во  Мадрид.

15_resize

Неговата кариера била  фокусирана на сликарството до 2008 година, кога за првпат изложил фотографии на интервенирани пејзажи, во рамките на својата изложба во Националниот музеј и центар за уметност Reina Sofía во Мадрид. Тој се фокусира кон истражување на односот помеѓу геометријата и природата, насочувајќи светлосни проекции директно на природната околина, зеленилото и пејзажот со што им дава скулптурален ефект. „Сè што се случува во пејзажот, би можело да се опише и објасни со математика, физика и геометрија, исто како и во аспектите на невидливата, но мерлива енергија“. Тој прави пресврт во својата работа со истражување на фотографскиот медиум за кој уметникот смета дека е продолжение на неговите слики. Сликата ја напушта традиционалната потпора на платното за да се прошири и изрази во други медиуми; посебно го интересира искуството на светлината, како би можел да предложи различни начини на претставување на светот.

1_resize

2_resize

Пејзажот го користи како подлога, средство за регистрација, но неговите интервенции самите стануваат пејзажи. Неговата работа се заснова на искуството на вистинска интервенција во „просторот и времето на пејзажот“, што го приближува до уметноста на „Land Art“.

На овој начин во неговата работа односот помеѓу геометријата и природата добива медитативен карактер. Преку сила на сугестијата за модификацијата на пејзажот, која може да ја види публиката, тој тежнее да ја прошири перцепцијата со поставување мостови кон скриените квалитети и димензии на просторот во кој се одвива настанот, апелирајќи на соживот со јавноста. Riera геометријата ја сфаќа како природен јазик пред материјата, способен да воспостави со неа еден вид суптилна и откривачка резонанца.

9_resize

Она што Riera го прави е проектирање врз дрвјата, пејзажите – драперии по сопствен избор, направени од светлината на неговата уметност, облекувајќи ги дрвјата или градината со драги камења на своите чувствителни дизајни. Javier Riera трансформира со светлосен и геометриски премаз кој ги обвиткува пределите со цел да доведе до нивно повторно откривање и со цел да предизвика, со повторното откривање, повторно пронаоѓање на Земјата.  Светлината не ги осветлува само пејзажите – таа продира во нив, поминувајќи низ ходници во шумата. Крошните на дрвјата јасно се издвојуваат наспроти небото, попримајќи геометриски или кристализирани форми.

6_resize

7_resize

Riera, со своите осветлени проекции, не само што се обидува да го реоткрие пејзажот, давајќи му нова дефиниција трансфигурирајќи го, туку и кај гледачот буди нова сензација на духот на местото.  Нешто што не е толку лесно во овој свет каде што телевизијата и другите аудиовизуелни медиуми прават секој да има чувство дека бил насекаде во светот, па дури и во вселената, и тоа без да излезе од вратата на својот дом.

10_resize

Неговите интервенции во пејзажот ја користат фотографијата како средство за комуникација, но во исто време сликите се повеќе од обичен запис за интервенцијата.  Тој фотографиите ги прави сам, вели дека тие се најприродниот медиум со кој може да се изрази, но истовремено се труди фотографиите да имаат свој ентитет. Тој вели: „Верувам дека е мошне тешко да се каже нешто ново за пејзажот во фотографијата и клучот за мене е во искуството. Фотографиите се средства за комуникација на нешто што се случило, светлината што била на тоа место, живеела заедно со светлината на околината и е регистрирана на сликата, ова е појдовна точка без која нема ништо“.

20_resize

5_resize

Пределите кои ги избира не се случајни, по внимателно набљудување се определува за одредена локација и форми за кои чувствува дека меѓусебно одекнуваат. Голем дел од  процесот вклучува истражување на историјата на пејзажот, вклучувајќи ги и луѓето кои го населуваат или посетуваат местото. „Светлосните проекции што ги создавам се статични или благо и суптилно се движат, повикувајќи на одредено медитативно искуство“, вели тој. „Тие целосно го трансформираат просторот и интервенираат како лесни скулптури или сценографии, генерирајќи дијалог помеѓу природата, геометријата и гледачот“. Светлината во неговите дела не служи само за осветлување на пејзажот, туку и го обликува, му наметнува своја архитектура.

8_resize

Работата на Riera се обидува да илустрира и предизвика преиспитување на односот помеѓу луѓето и природниот свет. Геометриските обрасци што ги користи стануваат симболични за поредокот кој луѓето се обидуваат да му го наметнат на светот, како и репрезентативни елементи на основните системи кои постојат во природата.

16_resize

Наменети лично да се доживеат и видат, фотографиите на Riera делуваат како запис за настанот. Тој се надева дека фотографиите на публиката ќе ѝ изложат мноштво слоеви кои го сочинуваат природниот свет. Со својата работа сака да ја разбуди врската помеѓу природата и публиката. Специфичните пејзажни зафати, интервенции и перформанси во јавен простор на Riera публиката може да ги види во живо ширум Европа.

13_resize

Меѓу неговите институционални изложби, се издвојуваат: Noche Áurea in Museo Nacional y Centro de Arte Reina Sofía (Madrid, 2008), Secuencias in Museo Barjola (2010); Sincronicidad in DA2 (Salamanca, 2014), Luz Vulnerada in Centro Niemeyer (2015), Sector Primario in (MUSAC ,collective 2015), Luz natural, Bonaval in CGAC (Santiago de Compostela, 2018).

12_resize

Кога станува збор за неговата работа во јавни простори, спроведувал  специфични интервенции за Photoespaña, MUSAC (León) или CAB (Burgos). Се истакнуваат интервенциите како Alameda llum (2012) во која единаесет инсталации два месеца останале во Los Jardines del Turia или Gráficos Paramétricos (2017) во El Real Jardín Botánico de Madrid, како дел од фестивалот Lune de Octubre, каде имало преку 6.000 посетители. Изведувал интервенции на места како што се Annecy (Франција, 2018/2019) или паркот Karlovo Námestí во Прага (2016/2018). Интервенирал во градината Bonavala, припоена на музејот CGAC (2019). Учествувал на UMBRA со дело специјално направено за Gardens of Florida.

11_resize

17_resize

4_resize

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top