Насловна / Арт и дизајн / Јавен повик за уметнички престој во Скопје

Јавен повик за уметнички престој во Скопје

Во рамки на активностите на проектот „КРЕАРТ“ – Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt – Network of Cities for Artistic Creation), Градот Скопје објавува отверен повик за уметнички престој  во Скопје, што ќе се одржи од 20 мај до 20 јуни 2018 година.Creark logo

 Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градовите-учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро).

 Уметниците треба да работат во просториите на ЈУ „Културно информативен центар“, во периодот од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба  со новосоздадените дела.

 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

– Организаторот (ЈУ „Културно информативен центар“) ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа од мрежата на градови„КРЕАРТ“,  трошоци за престој до 400 евра, а ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;

 – За уметникот кој доаѓа од Скопје организаторот (ЈУ „Културно информативен центар“) ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени материјали за материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;

 – Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата;

 – Избраните уметници ќе ги користат просторните и техничките капацитети на ЈУ  „Културно информативен центар“;

– На крајот на престојот ќе се организира изложба на двајца уметници со уметнички дела направени за време на престојот во ЈУ „Културно информативен центар“.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Апликантите мора да обезбедат во еден документ во ПДФ формат:

– Лична карта  или пасош (скенирана копија);

– Кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела;

– Краток предлог-проект (една страна од А4);

– Графичка документација поврзана со престојот.

Пријавувањето за учество од заинтересираните уметници е директно преку веб- сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на апликација на следниот линк

https://creart2-eu.org/open-calls/creart-open-call-artist-in-residence-in-skopje-mk-2018-from-20-05-2018-to-20-06-2018

Рокот за пријавување е до 20 април 2018 година.

Град Скопје од 2017 година стана партнер во „КРЕАРТ“ (Мрежа на градови за уметничко творештво)  што претствува  европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а  проектот го сочинуваат 12 партнери.

 

Испрати коментар

Scroll To Top