Согласно чл. 37 и чл. 41 од Статутот на ААМ и согласно Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, која се доделува на државјанин на Р. Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.
Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ имаат членовите на ААМ.
Предлогот треба да содржи куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството, со кои кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Во листата на референци се наведуваат особените остварувања: изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии, научни трудови, публикации, книги, награди и признанија.
Рокот за поднесување на предлозите е 60 дена од распишување на повикот.
Пристигнатите предлози, според чл. 7 од Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, ќе бидат разгледани од петчлена комисија избрана од Управниот одбор на ААМ. Еден член на комисијата е од редот на добитниците на наградата „Андреја Дамјанов“.
Добитникот на наградата „Андреја Дамјанов“ станува член на Архитектонската академија на ААМ.
Предлозите да се достават во канцеларијата на ААМ на ул. „Даме Груев“ 14а, Скопје.
Сите заинтересирани информации можат да добијат на
тел.: 02/3237 277; 076 350 336; e-mail: kontakt.aam@gmail