Согласно чл. 37 и чл. 41 од Статутот на ААМ и согласно Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“ Управниот одбор на Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) објавува ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2024 година.
Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) секоја година ја доделува наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело од областа на архитектурата и градителството. Наградата се доделува на државјанин на Република Северна Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.
Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ имаат членовите на ААМ.
Предлогот треба да содржи куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Во листата на референци се наведуваат особените остварувања: изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии, научни трудови, публикации, книги, награди и признанија.
Рокот за поднесување на предлозите е 20.12.2024.
Пристигнатите предлози, според чл: 7 од Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, ќе бидат разгледани од петчлена комисија избрана од Управниот Одбор на ААМ. Еден член на комисијата е од редот на добитниците на наградата “Андреја Дамјанов“.
Добитникот на наградата „Андреја Дамјанов“ потоа станува член на Архитектонската Академија на ААМ.
Предлозите се доставуваат исклучиво преку e-mail: [email protected] Сите заинтересирани, информации можат да добијат на телефон: +389 75 382 826 и +389 78 424 818.