Насловна / Архитектура / Јавен повик за две награди на ААМ

Јавен повик за две награди на ААМ

Асоцијација на архитекти на Македонија (AAM) објави два повика за доделување награда.

„Андреја Дамјанов“

аа

Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2020 година. „Андреја Дамјанов“, се доделува на државјанин на Република Северна Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ имаат членовите на ААМ.

Предлогот треба да содржи куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои кандидатот придонел за вкупниот развој на струката.

Поради коронакризата и оневозможувањето за извршување на тековните обврски во предвидените рокови, рокот за поднесување на предлозите е 20 дена од распишување на повикот. Предлозите се доставуваат исклучиво на [email protected].

Големата годишна награда – ГГН

аа2

Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и секоја година распишува конкурс за доделување на Големата годишна награда (ГГН) за 2020 година за најуспешно релизирано архитектонско дело во тековната година, која традиционално се организира под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. Рокот за предавање на трудовите е 14. декември, а од ААМ велат дека сите материјали треба електронски да се достават на [email protected]. Пристигнатите трудови ги селектира, оценува и донесува одлука за добитникот на наградата петчлено жири составено од афирмирани архитекти, членови на ААМ.

За повеќе информации на 076 350 336

аа1

Испрати коментар

Scroll To Top