Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија по четврти пат распишува јавен повик за истражувачки проект од областа на ликовната критика во Македонија.
Повикот ќе резултира со избор на предлог за истражувачки проект, за што ќе биде доделена и награда во висина од 30.000 денари во бруто износ, и за која ќе одлучува тричлено стручно жири.
Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес, и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста кај нас.
Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко дејствување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и ја иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции.
Оттука, наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот 1972 – 1986 година. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.
Право на учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на УО на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Македонија повеќе од една година.
Конкурсот е отворен во периодот од 18 април до 1 јуни 2017.
Кандидатите треба да достават:
– опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора);
– CV на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето).
Наградениот проект треба да биде изработен до крајот на ноември 2017 г., пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде ќе биде претставена наградената реализација.
Резултатите од проектот и истражувањето ќе бидат објавени на веб порталот на АИКА Македонија.
Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 15 јуни, 2017.
Материјалите треба да се испратат на следната адреса: