Претседателството на Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување, распишува Јавен конкурс за доделување на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2013 и 2014 година.
Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2013, односно 2014 година, за секоја од следните три категории:
– Теориско и/или експериментално истражување на конструкции;
– Проектирање на носечки конструкции,
– Градење на носечки конструкции.
Поединостите околу Јавниот конкурс и подготовката на предлозите за доделување на највисокото признание на ДГКМ се регулирани со Правилникот на ДГКМ и Одлуката на Претседателството на ДГКМ.
За сите потребни информации, заинтересираните можат да се обратат до Преседателството на ДГКМ.
Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конструкторски остварувања во 2013 и 2014 година треба да бидат доставени најдоцна до 15 август 2015 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет – Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1001 Скопје.