Претседателството на Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување, распишува
Јавен конкурс
за доделување на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2015 и 2016 година
Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2015, односно 2016 година, за секоја од следните три категории:
– Теориско и/или експериментално истражување на конструкции;
– Проектирање на носечки конструкции,
– Градење на носечки конструкции.
Поединостите околу Јавниот конкурс и подготовката на предлозите за доделува-ње на највисокото признание на ДГКМ се регулирани со Правилникот на ДГКМ и Одлуката на Претседателството на ДГКМ. За сите потребни информации, заинтересираните можат да се обратат до Преседателството на ДГКМ.
Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конст¬рукторски остварувања во 2015 и 2016 година треба да бидат доставени најдоцна до 30 август 2017 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет – Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1001 Скопје.