Насловна / Вести / ЈАР – новата ветена земја за ветерните централи

ЈАР – новата ветена земја за ветерните централи

Juzna Afrika Veterna farma

Јужноафриканската Република стана новото средиште на збиднувањата во брзорастечката индустрија на ветерните централи. Се очекува до 2020 година моќноста на новоинсталираните јужноафрикански ветерни централи да достигне 3GW, со што вкупната моќност  на овие централи во ЈАР ќе изнеува 5,6GW, тврди консултантската куча GlobalData. Интересно е дека се до 2012 година производството на електрична енергија од ветер речиси воопшто не постоело во ЈАР, односно вкупната инсталирана моќност изнесувала одвај 10MW.

JUzna Afrika elektrocentrali na obnovliva emnergija

Но, во 2013 година, новоинсталираната моќност изнесувала 30MW, во 2014 се зголемила за нови 606MW, а во 2015 уште 483MW. Развојот на оваа технологија за производство на електрична енергија ќе и помогне на земјата во постигнувањето на климатските цели, односно во намалувањето на емисијата на стакленички гасови, бидејќи во моментот во електроенергетскиот систем на ЈАР најзастапени се термоцентралите на јаглен кои емитуваат околу 250 милиони тони јаглерод диоксид годишно.

Juzna Afrika veterni farmi pregled

Со реализација на амбициозната програма за енергија од ветерот, емисијата на стакленички гасови се очекува значително да се намали.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top