Насловна / Вести / Јапонските власти извршија рација во „Сузуки“

Јапонските власти извршија рација во „Сузуки“

Јапонското Министерство за сообраќај изврши рација во седиштето на компанијата „Сузуки“. Рацијата доаѓа во светло на шокантното признание на тој производител на мали автомобили, дека со години користеле несоодветни методи за тестирање на потрошувачката на горивото, кај повеќе милиони свои возила.Suzuki

Службениците на надлежните органи упаднаа во седиштето на компанијата во градот Хамаматсу, околу 250 км југозападно од Токио, наведувајќи дека бараат документација поврзана за испитување на емисијата на гасови и тестирање на економичноста на потрошувачката на горивото.

Испрати коментар

Scroll To Top