Насловна / Архитектура / Јапонскиот павилјон на Еxpo 2020 Дубаи, долга историја на вкрстување со културата на Блискиот Исток

Јапонскиот павилјон на Еxpo 2020 Дубаи, долга историја на вкрстување со културата на Блискиот Исток

Фокусиран на темата поврзување, Јапонскиот павилјон на Еxpo 2020 Дубаи развива геометриска 3Д решетка инспирирана од заедништвото на традиционалните јапонски и арапски примери. Проектиран од архитектицата Yuko Nagayama од истоименото биро, павилјонот на различни архитектонски начини ги открива сличностите помеѓу Јапонија и Блискиот Исток.

2_resize

Тридимензионалната фасада ги комбинира моделите на Arabesque и Asanoha, а исто така се повикува и на традиционалната јапонска уметност на оригами. Структурата што го обвиткува павилјонот е исто така референца за јапонската уметност на пакување подароци Origate.

1_resize

Во согласност со акцентот на Еxpo 2020 Дубаи на одржливоста, системот за ладење на павилјонот вклучува еколошки техники инспирирани од традициите на двете култури. Тенкиот материјал на фасадата кој наликува на јапонска хартија, го штити павилјонот од директна сончева светлина, додека плиткиот базен со вода пред зградата помага да се разлади просторот.

3_resize

5_resize

Јапонската тема на павилјонот е „Join.Sync.Act.“, ги поттикнува посетителите да ја откријат уметноста, културата и технологијата на нацијата која ќе биде домаќин на следната изложба во Осака во 2025 година.

9_resize

Јапонците нагласуваат дека умеат да почитуваат, дека уште од дамнешни времиња, влијанијата кои доаѓале вон гранците на нивната земја, играле клучна улога во развојот на јапонската култура и учење, бидејќи идеите од надвор се прифатени и реинтерпретирани за да се создаде нешто ново и единствено јапонско.

4_resize

Организаторите на павилјонот велат: „Одејќи кон иднината, Јапонија ќе продолжи да биде место каде што се среќаваат идеи од целиот свет. А со здружување на овие идеи за да поттикнат нови иновации, Јапонија ќе работи на создавање подобро утре“.

0_resize

8_resize

11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top