Насловна / Вести / Јапонски урбанистички проекти од 60-тите изложени во Музејот на град Скопје

Јапонски урбанистички проекти од 60-тите изложени во Музејот на град Скопје

KIR_0021
Шеесеттите години од минатиот век биле многу интересни за урбанистите. Градот морал да се редефинира. Урбаната популација во светот растела толку брзо што градовите буквално се задушувале во тој раст. Овој проблем бил особено присутен во Токио, па не изненадува што токму тамошните архитекти понудиле храбри и напредни модернистички решенија во урбанизмот, кои се интересни дури и денес, половина век подоцна.

Светската патувачка изложба насловена „Градови кои се борат со урбанизмот: од јапонските урбанистички проекти од 60-тите“ пристигна и во Скопје. Беше отворена вчера во Музејот на град Скопје, како дел од програмата со која се одбележуваат 20 години откако Македонија и Јапонија воспоставија дипломатски односи. Но тоа не е единствената алка со која изложбата се поврзува со Македонија. Освен за јапонските метрополи, беа презентирани решенијата подготвувани и за други градови во светот (Бразилија, Абуџа, Чангдун), а тука неизбежно ќе се најде и Скопје со планот на Кензо Танге по земјотресот во 1963 година.KIR_0001 KIR_0002 KIR_0003

„На изложбата можете да видите како Токио ги решаваше своите проблеми, но и како тие решенија се применети во светот, вклучувајќи го и Скопје“, истакна на отворањето Казу Лешниковска, почесната конзулка на Јапонја во Македонија.

KIR_0004 KIR_0005 KIR_0006

Инаку, изложбата е составена во 2010 година, а нејзин автор е архитектот Наохико Хино. Главни „ѕвезди“ се делата на метаболистите со нивниот органски пристап во архитектурата, но тука е и планот за Токио на Кензо Танге и други. Познато е дека повеќето од овие експериментални дела не се извеле, но некои сепак биле реализирани. Најатрактивна поставка е секако макетата за градови во воздух на легендарната архитектка Арата Изосаки.

KIR_0022

KIR_0007 KIR_0008 KIR_0009

Изложбата има четири тематски дела: Историјата на идеалниот град, Амбициозни урбани проекти во Јапонија, Светски градови од 60-тите и 70-тите и Проблематиката на градовите од нашето време.KIR_0010 KIR_0011 KIR_0012 KIR_0014 KIR_0015 KIR_0016 KIR_0017 KIR_0018 KIR_0019 KIR_0020 KIR_0021 KIR_0023 KIR_0024 KIR_0025

Испрати коментар

Scroll To Top