Насловна / Вести / Јапонски пари за ревитализација на колекторот за заштита на Охридското Езеро

Јапонски пари за ревитализација на колекторот за заштита на Охридското Езеро

Ohridsko ezero1
Со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити-студија јапонската влада ќе го поддржи колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Дејан Пановски, македонскиот претставник во билатералниот македонско-албански Секретаријат за заштита на езерото, истакна дека јапонската донација е резултат на интензивните контакти на македонските надлежни институции и доставената апликација од наша страна.

– Јапонската агенција е подготвена сразмрено на своите процедури да издвои средства за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција, планирана да се изведе по објавата на физибилити-студијата. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, – истакна Пановски.

Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро започнаа веднаш по потпишувањто на Договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу премиерите на Македонија и Јапонија.

Јапонски експерти досега имаат презмено неколку мисии во регионот, при што е изработен и Извештај  за состојбата на колекторскиот систем. Македонското Министерство за животна средина и просторно планирање подготви Апликација за издвојување средства за изработка на физибилити студија што се веќе одобрени.

Партнер на Јапонската агенција е Министерството за финансии, а стручниот дел се одвива преку Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје и Одделението во Охрид. 

Испрати коментар

Scroll To Top