Владата на Јапонија ќе додели грант од 259.998 евра за поддршка на четири проекти во македонските општини Центар Жупа, Демир Хисар и Велес и за Универзитетската клиника за радиологија во Скопје.
Договорите за доделување на грантот ќе бидат потпишани денеска во Канцеларијата за врски во Скопје на Амбасадата на Јапонија во Виена.
Со грантот Општина Центар Жупа ќе добие амбулантно возило и возило за домашна посета за што се наменети 54.710 евра. За Универзитетската клиника за радиологија е предвидено опремување со медицински апарати во износ од 75.519 евра.
За проект за опремување на противпожарната единица во Општина Демир Хисар со ново противпожарно возило со грантот се одвоени 75.885 евра, а за проект за рехабилитација на заеднички простории на три училишта во Општина Велес 53.884 евра.