Јапонски експерти ќе работат на физибилити студијата за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро. Експертите треба да пристигнат денеска, а на проектот ќе работат со претставници од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат информира дека ќе работат во согласност со планот.
– До декември годинава треба да се изработи нацрт-верзијата на физибилити студијата, а во март идната година се очекува да биде готова и финалната верзија, изјави Пановски.
По изработката на физибилити студијата за рехабилитација, ќе се бараат донатори за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна.