Насловна / Вести / Јапонска компанија ќе го помага развојот на македонската железничка инфраструктура

Јапонска компанија ќе го помага развојот на македонската железничка инфраструктура

јапонски железници

Јапонската железничка компанија East Japan Railway Company, во краток временски период на Македонски железници ќе и даде конкретна подршка за развојот и модернизирање на железничката инфраструктура во Македонија.

Ова е договорено на средбата на генералниот директор на Македонски железници – инфраструктура Ирфан Асани со директорите за меѓународни односи и финансии на „Ист Јапан Реилвејс Компани“, Јуји Фукушава и Тору Такахаши во Токио, Јапонија.

Според прикажаните резултати во 2014, „Ист Јапан Реилвејс Компани“ поседува 7.452 километри пруга и 1.665 железнички станици низ која дневно се превезуваат 17 милиони патници.

Делегацијата на МЖ, предводена од директорот Асани, го посети и Центарот за организација на железничкиот систем за сообраќај, електрокомуникации, одржување и менаџирање со итни случаи, процес кој е ставен во агендата за обуките кои ќе следуваат.

Соговорниците, информираат од кабинетот на Асани, разменија мислења и околу реконструкција на железничката станица во Скопје, при што од јапонската компанија беше кажано дека реконструкцијата на станицата во Скопје ќе овозможи давање на современи услуги во насока на зголемување на бројот на патници кои ќе го користат железничкиот сообраќај.

Посетата на македонската делегација продолжи со презентација на методите за обука на вработените во железничката компанија Ист Јапан Реилвејс Компани.

Асани на своите домаќини им презентираше план за обука на вработените во МЖ во неколку области и тоа во сигурноста на железничкиот сообраќај, подигнување на системи за сигнализација, како и системи за контролирање на ситуацијата долж целата пруга.

Двете страни се согласија планот за обука да почне во најкраток можен рок со кој се предвидува една група вработени во македонските железници да оди на обука во оваа јапонска железничка компанија.

Испрати коментар

Scroll To Top