Акциите на јапонскиот стартап Astroscale, забележале раст од 19%, откако компанијата која врши операции во вселената објавила дека ќе потпише договор вреден 73,4 милиони евра со јапонската вселенска агенција (JAXA) за чистење на отпадот од Земјината орбита. Станува збор за петгодишен договор, при што компанијата ќе развие ново вселенско летало под името ADRAS-J2, кое ќе биде опремено со технологија на роботска рака.
Вселенскиот отпад станува се посериозен проблем и ризик за помалите мисии во вселената, имајќи предвид дека бројот ан сателити нагло порасна. Најновиот случај кој го зголеми ризикот за судир со вселенски отпад е неодамнешната експлоација на кинеска ракета, која генерирала над 700 парчиња вселенски отпад кои сега кружат во орбитата на Земјата.