Насловна / Вести / Јапонска компанија испрати ракета на Месечината

Јапонска компанија испрати ракета на Месечината

Ракетата која го носи леталото за спуштање на Месечината Hakuto-R, лансирана е од Cape Canaveral во Флорида, минатата недела. Ракетата носач е добро познатата  Falcon-9, на американската компанија SpaceX. Леталото Hakuto-R би требало да слета на површината на Месечината на крајот на април. Доколку успее, тоа ќе биде првото приватно летало кое стигнало на Месечината.

hakuto1

hakuto2

Но, и конкуренцијата планира мисии на Месечината, па не е извесно која приватна компанија ќе биде прва на Месечината. Јапонската компанија ispace за себе вели дека има намера да ја прошири животната сфера на човештвото и да создаде одржлив свет. Компанијата планира да ги истражува ресурсите на Месечината, а на својата веб страна дека водата на Месечината може да се разложи на водород и кислород, а водородот би се корстел како гориво.

hakuto3

 

Испрати коментар

Scroll To Top