Во видето подолу, прикажан е вистински подвиг и борба со времето со цел трансформирање на постоечка железничка станица во метро станица. Се работи за станицата Daikanyama во Токио, која е една од најфреквентните, па токму затоа и брзината на изведбата на оваа трансформација била од исклучителна важност. Во потфатот учествувале 1200 работници, а целата изведба ја завршиле за 3,5 часа во текот на ноќта.