Насловна / Вести / Јапонија развива технологии за „чист јаглен“

Јапонија развива технологии за „чист јаглен“

Cist jaglen

Јапонската влада и индустрија поддржуваат развој на нови технологии за искористување на јагленот, кои ќе бидат помалку штетни за околината. Јапонија е глобално најголем поддржувач на јагленот. Ова го покажуваат податоците од Natural Resources Defense Council, американска еколошка организација. За поголем број јапонски компании кои во странство продаваат технологии за користење на јагленот, државната помош значи многу.

Еден од  најзначајните проекти за „чист јаглен“ е проектот Osaki CoolGen во Хирошима кој го спроведуваат  Chugoku Electric Power Co. и Electric Power Development, а станува збор за демонстрациски проект кој користи технологија наречена  IGFC (Integrated Gasification Fuel Cell Combined Cycle). Тоа значи дека таа технологија ќе користи дел од зафатените емисии да покрене горивна ќелија за додатно производство на енергија. Во однос на најчесто користените решенија во Јапонија, IGFC би требало да ја зголеми ефикасноста за 15% и да ги намали емисиите за 30%, проценува владата.

cist jaglen1

Цената на првата фаза на проектот изнесува 736 милиони УСД, при што владата учествува со една третина. Во јуни годинава, државата има усвоено акционен план според кој оваа технологија би требало да се воведе во 2025 година. Проектот има опоненти и меѓу „зелените“ и меѓу оние што промовираат одржлив развој. И едните и другите истакнуваат дека технологијата емитира двојно повеќе јаглерод диоксид од термоцентралите на природен гас.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top