Министерството за транспорт и туризам на Јапонија, развива амбициозен план за зголемување на ефикасноста на логистиката, намалување на сообраќајните гужви и решавање на сите сериозни кризи со недостаток на работна сила. Планот подразбира изградба на целосно автоматизиран подземен транспортен систем со должина од речиси 500km, кој ќе ги поврзува Токио и Осака. Проектот е осмислен со цел транспорт на стоки помеѓу овие два града. Министерството проценува дека на овој начин дневно ќе може да се транспортира стока за која инаку би биле потребни 25.000 камиони. Се очекува со тоа да се намалат сообраќајните гужви на најфрекфентните автопатишта во земјата.
Но освен продонесот во решавање на логистичката криза и намалувањето на емисиите на стакленички гасови, проектот ќе реши уште еден голем проблем, а тоа е сериозниот недостаток на возачи на камиони. Имено, во периодот од 2022 до 2023 година, земјата забележала историски пад на бројот на население, што е особено изразено кај работоспособниот дел од популацијата. Од друга страна, купувањето преку интернет бележи драматичен раст и логистичката инфраструктура е веќе во позиција тешко да одговори на барањата. Се проценува дека во 2030 гдоина, 30% од пакетите ќе доцнат бидејќи ќе нема кој да ги испорача. Планирано е проектот Токио – Осака да биде завршен до 2034 година, Трошоците з аизградбата ќе с едвижат од 4,8 милиони до 55 милиони за секој километар на тинелот, во зависност од локацијата.