Изградбата на кули од дрво е моменталната опсесија на голем број архитекти. Новите проекти од овој вид претендираат дури и да се вбројат меѓу највисоките објекти воопшто во светски рамки. Последниот предлог кој доаѓа од јапонската компанија Sumitomo Forestry Co. и архитектите од Nikken Sekkei, најверојатно ќе ги засени сите претходни. Се работи за планови за изградба на првиот супер висок облакодер од дрво во Токио.
Со височина од 350 метри, објектот ги надминува другите вакви проекти вклучувајќи ги предлозите на Perkins + Will’s River Beech Tower и PLP Architecture’s Oakwood Tower. Позната како W350 Project, градбата се очекува да биде со мешовите намена, но и да создаде пријатна еколошки и социјално одржлива средина. Цената на чинење е проценета на околу 5,6 милиони УСД. Сепак, авторите признаваат дека објектот нема да биде 100% од дрво, туку дека соодносот дрво-челик ќе биде 9:1, и ќе биде во состојба да одговори на високата сеизмичка активност во областа. Се очекува објектот да биде завршен во 2041 година, што се поклопува со 350 годишнината на компанијата Sumitomo Forestry Co.