Насловна / Вести / Јапонија: Нуклеарната енергетика се враќа на голема врата

Јапонија: Нуклеарната енергетика се враќа на голема врата

Јапонската управа за нуклеарна регулација (NRA) го одобри нацртот на новата регулатива која ќе овозможи нуклеарните реактори во државата да работат подолго од моменталното ограничување од 60 години. Според планот донесен од Минситерството за економија и индустрија,  после 30 години дозволите ќе бидат продолжувани на секои 10 години. Овој нов амандман во регулативата за нуклеарната енергетика, следната година би требало да добие одобрение во парламентот. Тоа ќе и овозможи на Јапонија да стартува голем број постоечки реактори, но и да развива реактори од новата генерација. Премиерот Фумио Кишида застапува пронуклеарна енергетска политика и смета дека повторното стартување на нуклеарните електрани кои беа исклучени после катастрофата во Фукушима во 2011 година, е од витално значење за државата. Од друга страна критичарите на ваквите политики велат дека станува збор за еднострана одлука на владата низ нетранспарентен процес и без учество на јавноста, во услови кога Јапонија и натаму нема соодветно решение за третманот на нуклеарниот отпад.

japannuclear1

Пред да се случи катастрофата во Фукушима во 2011 година, Јапонија добиваше една третина од својата електрична енергија од вкупно 54-те нуклеарни реактори ширум земјата. Потоа, во земјата се поставени построги безбедносни стандарди, кои ги одложија одобренијата за повторно стартување на некои рекатори. Во периодот од 2014 година до денес, повторно почнуваат да се враќаат на мережа дел од овие реактори, постепено и после строги безбедносни проверки, но сеуште вкупно 27 реактори не се оперативни.

japannuclear2

 

Испрати коментар

Scroll To Top