Компанијата Nintendo најави дека напролет во Осака ќе го отвори својот прв тематски парк. Тематскиот парк наречен Super Nintendo World првобитно требало да биде отворен пред Летните олимписки игри во Токио. Меѓутоа, како и самите ОИ, отворањето на паркот е одложено поради пандемијата. Nintendo отвора и тематско кафуле и продавница во Холивуд. Тематското кафуле нуди сендвичи Марио и Луиџи, пијалок Super Mushroom и друго. Во продавницата посетителите ќе можат да купат маици и перници. Super Nintendo World ќе користи и нараквици кои може да се поврзат со апликации и да им овозможат на посетителите да собираат парички, а на располагање ќе им бидат и традиционалните атракции вклучувајќи го и Mario Kart возењето. Universal Studios и Nintendo планираат да изградат слични паркови во Орландо, Холивуд и Сингапур.