Станува зор за нов успех на јапонската вселенска индустрија, кој дополнително ќе ги зголеми космичките амбиции на Јапонија, пишуваат тамошните медиуми. Ракетата била лансирана од вселенската база во Тангешима во јужниот дел од земјата. Сателитот Alos-2 треба да кружи околу Земјата на височина од 628 километри. Овој сателит доаѓа на местото од сателитот од истиот тип Alos, кој беше лансиран пред осум години, а својата мисија ја заврши во мај 2011 година, два месеца по катастрофалниот земјотрес и гигантското цунами кои го разорија североистокот на Јапонија. Покрај набљудувањето на природните катастрофи, сателитот Alos-2 ќе овозможува и набљудување на шумите и обработливите површини, а ќе дава податоци и за обновување на географските мапи и за инфраструктурата.