Јапонската компанија „Токио Електрик“ ќе мора да ја испушти радиоактивната вода од оштетената нуклеарна електрана „Фукушима“ во Пацификот затоа што повеќе нема доволно простор за нејзино складирање. Ова го соопшти министерот за заштита на животната средина на Јапонија, Јошијаки Харада.
Собрани се повеќе од милион тони контаминирана вода од цевките за ладење кои го спречуваат топењето на јадрото, откако електричната централа беше оштетена во цунами во 2011 година, пренесува Ројтерс.
“Единствената опција е да се испушти во океанот, иако целата влада ќе расправа за тоа“, рече министерката Харада.
Јапонската влада чека извештај од експертскиот панел пред да донесе конечна одлука, бидејќи до 2022 година нема да има повеќе простор за складирање на радиоактивна вода.
Иако не е објавено колку вода треба да се испушти во океанот, околните земји се очекува да реагираат со негодување на овие најави од јапонската влада, пренесува Ројтерс.